27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Масивна ерупација на вулканот Етна: Лава и пепел летаат на сите страни

Најчитани вести

Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна, што се наоѓа на италијанскиот остров Сицилија, еруптираше и исфрли големи количества лава, чад и пепел од неговиот југоисточен кратер.

Според фотографиите и видеата на социјалните мрежи, лавата се шири во сите правци.

Според италијанските медиуми, релативно новиот кратер на југоисточната падина на вулканот исфрли спорадични рафали од лава и пепел.

Меѓународниот аеродром Катанија, што се наоѓа на 60 километри јужно од вулканот, се уште е отворен за воздушен сообраќај, но се очекува кризниот штаб, кој заседава, да го затвори заради големото количество на пепел исфрлено од вулканот.

Медиумите на Апенинскиот полуостров забележуваат дека аеродромот во Катанија досега главно бил затворан за време на ерупциите слични на денешните, бидејќи пепелта знаела да покрие поголем дел од градот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести