-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Масерати има проблем: Објавен повик за вонреден сервис

Најчитани вести

Од Масерати велат дека бројот на автомобили вклучени во кампањата за отповикување е релативно мал, но се повикани сите модели, од „Ghibli“ оа ди суперспортскиот „MC20“.

Според достапните и објавени документи, спорните автомобили- чии споственици произведувачот ги повикува да се јават во најблискиот сервис- имаат куќиште за сензорот за проток на гориво кое може да напукне, што доведува до истекување на гориво.

Се додава дека овој проблем може да ги намали перформанските на моторот, но уше поопасно е што истекувањето на гориво може да предизвика пожар на возилото, иако во соопштението на компанијата се тврди дека тоа може да се случи само во „ретки околности“.

Масерати вели дека со повикот се опфатени примероците од моделот „Levante“ произведени меѓу 18 септември 2020 и 4 октомври 2021, додека за „Ghibli“ распонот на датуми на производство е од 3 ноември 2020 до 7 јуни 2021 година.

Спорните примероци од моделот „Quattroporte“ се произведени од 28 октомври 2020 до 7 јуни 2021, додека примероците од моделот „MC20“ со потенцијалниот дефект се произведени од 12 јуни до 29 септември во 2021 година.

Од италијанската компанија нагласуваат дека нивната реакција била брза- за проблемот дознале на 8 октомври, веќе следниот ден отвориле интерна истрага за добавувачот на спорниот дел, а на 4 ноември 2021 е издадено известување за повикот на вонреден сервис.

Инаки, до овој момент не е забележана сообраќајна несреќа, повреда или смртен случај кој би можел да биде поврзан со наведениот проблем. Масерати бесплатно ќе ги замени куќиштата за сензорот за проток за гориво во сите спорни автомобили, а сопствениците ќе почнат да бидат повикувани од 27 декември 2021 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com