Најмалку шест лица загинаа вечерва во престрелка што се случи во црква во Хамбург. Според првичните информации седум лица се тешко повредени, а 18 од нив се здобиле со полесни повреди.
Кобните истрели биле испукани околу 21 часот. Според германските медиуми, крвопролевањето се случило во црквата на Јеховините сведоци на улицата Делбоге.
Сторителот или повеќе од нив побегнале од местото на злосторството. Полицијата повика да се избегнува загрозениот простор.
– Веднаш побарајте засолниште во зградите – се наведува во предупредувањето.