15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Масакр во салони за масажа во Атланта, осум мртви

Најчитани вести

Најмалку осум лица загинаа во три престрелки во салони за масажа во Атланта и блискиот град, пренесоа американските медиуми, а сè уште не е утврдено дали трите настани се поврзани.

Првото пукање, во кое беа убиени четири лица, а две ранети, се случи во вторникот попладне во салон за масажа на околу педесет километри од Атланта, најголемиот град во сојузната држава Џорџија, изјави портпаролот на полицијата во округот Чероки, пренесува Си-ен-ен.

Набргу потоа, четири лица беа убиени во два салони за масажа во Атланта, објави полицијата во тој град. За четирите жртви се вели дека се жени, наводно со азиско потекло.

Потоа, полицијата во Чироки преку Фејсбук повика сведоци да се јават и објави видео од осомничениот во црн автомобил. Осомничениот, 21-годишниот Роберт Арон Лонг, бил уапсен во вторникот вечерта на околу 240 километри јужно од Атланта, објавија локалните медиуми.

„Многу е веројатно дека истиот напаѓач учествувал во сите напади врз салоните за масажа во Атланта, во кои уби осум лица“, изјави за АФП портпаролот на полицијата во главниот град на Џорџија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести