18.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Марш на сексуалните работници посветен на родово-базираното насилство

Најчитани вести

Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, во рамки на кампањата за одбележување на 17-ти декември, Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници ќе одржи традиционален Марш на „црвениот чадор“ кој по 12-ти пат ќе се одржи во Скопје.

Маршот ќе започне пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза на ул. Македонија.

„Оваа година, кампањата по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници ја посветуваме на борбата против родово-базираното насилство. Искуствата и статистиките во светот и кај нас покажуваат дека жените и трансродовите сексуални работници се најмногу изложени на насилство во секоја форма. Голем е бројот на сексуални работници кои секојдневно трпат физичко и психичко насилство, но малкумина од нив се охрабрени истото да го пријават во полиција. Насилството, нападите, злоупотребувањата и нееднаквиот третман врз сексуалните работници мора да се елиминираат, а тоа ќе го постигнеме само ако сексуалните работници се третираат еднакво пред законите и се почитуваат нашите човекови права и слободниот избор“, соопштија од Здружението за поддршка на маргинализирани работници, СТАР-СТАР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com