17.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

„Марш во молк“ за проблемите на болните од рак во Гевгелија

Најчитани вести

Здружението Changemakers4all во Гевгелија, ќе одржи едночасовен марш во молк „И ти може да бидеш пациент“ за подигање на свеста за проблемите и бројноста на пациентите болни од рак во овој регион.

Целта на овој Марш во молк е да биде прв чекор за обележување на активностите кои следуваат – да се отвори посебно здружение кое ќе се посвети исклучиво на оваа ранлива група, да се покрене иницијатива за детектирање на точните причинители за драстичното зголемување на болни од рак во Гевгелија и околината, како и да се најават сите иницијативи кои ќе бараат ослободување на болните од патни трошоци до медицинските центри за зрачење, снимања, контроли, или барем на порамнување на додатокот за нега со реалните трошоци или евентуално отворање центар за третирање на овие пациенти во овој регион.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести