0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Марти Ахтисари боледува од Алцхајмерова болест, се повлече од сите јавни активности

Најчитани вести

Поранешниот фински претседател, поранешен специјален пратеник на ОН за статусот на Косово и Метохија и добитник на Нобеловата награда за мир, Марти Ахтисари, боледува од Алцхајмерова болест и се повлече од сите јавни активности, објави денеска кабинетот на финскиот претседател Саули Ниниста.

Според соопштението, 84-годишниот Ахтисари, кој беше претседател на Финска од 1994 до 2000 година, има помош за секојдневниот живот дома, но, исто така, повремено поминува периоди на лекување во дом за стари лица, поради напредната состојба на болестa.

Како наставник во основно училиште, Ахтисари со децении работеше како дипломат и мировен посредник за финската влада и Обединетите нации и ја доби Нобеловата награда за мир во 2008 година за неговата работа во решавањето на меѓународните конфликти.

Се верува дека неговиот план од 2007 година за статусот на Косово и Метохија, иако не беше прифатен од Советот за безбедност на ОН и Србија, стана основа за прогласување независност на Косово во 2008 година

Кога неговиот претседателски мандат заврши во 2000 година, Ахтисари ја основа НВО Хелсиншката иницијатива за управување со кризи (ЦМИ), чија цел е да спречи и реши насилни конфликти преку неформален дијалог и медијација.

Тој поднесе оставка како претседател на ЦМИ на крајот на 2017 година и оттогаш е во пензија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com