Синчето на Мартина Михајловска наполни една година. Македонската манекенка и нејзиниот сопруг Виктор Илоски направија голема роденденска прослава за малиот Матиас.
Парот објави фотографии на Instagram на кои позира со славеникот Матиас и 4-годишната ќеркичка Алана.
„Моето момче, мојот најголем благослов. Среќен роденден. Те сакам бесконечно Матиас“ – напиша Мартина, која кај нас е нарекувана и „македонската Ева Мендес“.