10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

МАРСЕЛО: ДА БИДАМ КАПИТЕН НА КРАЛСКИОТ КЛУБ Е ОСТВАРУВАЊЕ НА СОНОТ

Најчитани вести

Новиот капитен на Реал Мадрид, Марсело, ги сподели своите впечатоци по добивањето на капитенската лента. Триесет и тригодишниот Бразилец игра за клубот од Мадрид од 2007 година.

-Голема чест и одговорност е да се биде капитен на најдобриот клуб во светот. Се чувствувам среќен. Секој ден се будам со голем ентузијазам едноставно затоа што разбирам дека сум во Реал Мадрид. И секоја сезона има се поголем ентузијазам. Се радувам на почетокот на сезоната. Секоја година учам сè повеќе и повеќе, секогаш има нешто ново. А, фактот дека сега сум капетан е остварување на сонот, изјави Марсело за „Марка“.

Претходно капитен на Реал Мадрид беше дефанзивецот Серхио Рамос, кој го напушти тимот ова лето. Триесет и петгодишниот Рамос играше за клубот од 2005 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com