-5.5 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

Марота за коментарите на Ванда: Никој не му кажал на Икарди да остане

Најчитани вести

Сопругата и воедно менаџер на Мауро Икарди, Ванда Нара како гостинка во една телевизиска емисија изјави дека еден од главните луѓе во Интер му соопштил на фудбалерот дека може да остане во клубот.

Оваа нејзина изјава веднаш ја демантираше директорот Бепе Марота, кој уште еднаш јасно стави до знаење дека „нераѕурите“ не сметаат на Аргентинецот сезонава.

„Коментарите на Ванда се иритирачки за нас, најмногу заради тајмингот, но и поради методот“, вели Марота за „ДАЗН“. „Исто така категорично демантирам дека некој во клубот му рекол на Икарди дека може да остане, особено не претседателот Стивен Женг. Стратегијата која Интер ја презема во однос на Икарди беше прецизна и јасна уште од самиот почеток и во вистинска временска рамка. Ќе продолжиме по истиот пат и никој во Интер не може да го смени заедничкиот пристап, кој го делиме сите“, истакнува првиот оперативец на тимот од „Џузепе Меаца“.

Икарди и натаму е поврзуван со трансфер во Наполи или Јувентус, но засега нема ништо иако се наближува крајот на летниот преоден рок (2 септември).

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести