-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Марк Еспер го тужи Пентагон поради редактирање на неговите мемоари

Најчитани вести

Поранешниот американски министер за одбрана Марк Еспер го тужеше Пентагон за уредување на текстот на неговите мемоари

Еспер го тужеше Министерството за одбрана поради цензурирање на делови од неговиот ракопис, јави Би Би Си.

Тој изјави дека е „разочаран” бидејќи му е прекршено правото на слобода на говор.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го назначи Еспер за министер за одбрана во 2019 година, но го отпушти веднаш по изборите во ноември 2020 година.

Книгата, која треба да биде објавена во мај 2022 година, е „искрен мемоарски текст” за времето поминато на чело на Пентагон, се наведува во тужбата на Еспер.

Тој ја обвинува службата што ја предводел 18 месеци дека „произволно” го уредувала текстот на мемоарите, кои според него се „клучни за важна приказна” која има намера да ја објави.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com