14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Марк Волберг НЕ СМЕЕ да оди на натпреварите на неговите деца: „Тешко е, но ја почитувам нивната одлука“

Најчитани вести

Актерот Марк Волберг (50), кој има четири деца со сопругата Реа Дурам (43) неодамна откри како славата влијае на неговото татковство, пишува Entertainment Tonight.

Тој изјави дека дава сѐ од себе неговите деца Ели (17), Мајкл (15), Брендан (12) и Грејс (11) да имаат понормален живот.

„Има добри страни да се биде славен, а има и многу лоши“, започна Валберг.

– Моите деца сакаат да имаат свој идентитет, разбирате? Значи, не ми е дозволено да излегувам од автомобилот за време на нивниот тренинг по кошарка или фудбал. Морам да седам во автомобилот и да гледам – ​​рече актерот.

– Отпрвин бев навреден, бидејќи сакам да бидам со нив и да ги охрабрувам. Но, им помагам да се чувствуваат пријатно во она што го прават и да имаат свое јас – објасни Валберг.

Тој призна дека сè уште му е тоа многу тешко.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com