Home » Марко очајно се трудел да го сокрие заносното тело на својата сопруга: Сите момци на грчката плажа гледале во неа

Марко очајно се трудел да го сокрие заносното тело на својата сопруга: Сите момци на грчката плажа гледале во неа

by Журнал.мк

Фудбалерот Марко Верати и неговата сопруга Џесика Аиди станале сензација на плажа на Миконос.

Фудбалерот минатата година љубовта со убавата Џесика ја крунисал со венчавка на раскошна париска церемонија, а сега парот се наоѓа на летување на Миконос.

Џесика во оваа прилика покажала дека има одлична колекција на костими за капење кои одлично ѝ прилегаат на нејзиното затегнато тело.

Костимот во црна боја со метални конци, кој пред неколку години го носеше Кортни Кардашијан, очигледно е популарен и денес.

Додека Џесика уживала на плажата, Марко очајно се обидувал да го заштити нејзиното тело од погледи, одејќи постојано пред, а понекогаш и зад неа.

Сепак, тоа не му одело според планот, бидејќи немало човек на грчката плажа кој не го насочил погледот кон оваа убавица.

Инаку, Џесика и Марко на венчавката поканиле стотина најблиски луѓе, а наместо венчаница, невестата избрала чипкаст бел костум, кој ѝ прилегал одлично. Дизајнот бил на познатата модна куќа Dolce & Gabbana, додека цената на венчаницата изнесувала околу 4.000 евра.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More