Home » Марко Логаут е свеж ветар на естрадата кој ја остава душата на сцена додека пее

Марко Логаут е свеж ветар на естрадата кој ја остава душата на сцена додека пее

by Журнал.мк

Марко Милановиќ, познат на сцената како Марко Логаут, веќе подолг период е актуелен како еден од најбараните забавувачи во локали ширум земјава. Момчето кое пред десеттина години од Крушевац дојде во Македонија и го сврте вниманието на јавноста со каверот за песната ,,За нас” на Брејк, а потоа продолжи со авторски песни, но и одлични обработки на регионални хитови, е дефинитивно пејач кој знае како да направи одлична атмосфера за време на настапите.

Овој викенд тој заедно со својот бенд гостуваше во познатиот ресторан Моклиште, во Кавадарци, а она кое не може, а да не се забележи на неговиот настап е пеењето од душа.

Вечерта ја започна со ,,Супергрл” на Реамон, па се редеа странски рок балади, за да потоа се премине на неговите обработки на хитови од поранешните Ју републики.

Песни од Здравко Чолиќ, Мерлин и други познати изведувачи во нов, интересен рок аранжман, ја разиграа кавадаречката публика, а Марко повеќе од два часа, неуморно ги забавуваше присутните.

Неговата енергија на бината спонтано и со леснотија се пренесува на публиката, и не може да се скрие емоцијата со која настапува и остава дел од себе на сцената.

Љубителите на добрите звуци кои имаа можност да го проследат во живо, за него отворено коментираат дека е потенцијална музичка ѕвезда на нашите простори и свеж ветар на естрадата, кој само го чека вистинскиот голем авторски хит.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More