10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Марковски: Фирмите ќе имаат најголем бенефит од законските измени

Најчитани вести

Фирмите ќе имаат најголем бенефит од измените во Законот за облигациони односи, со кои каматите нема да може да бидат повисоки од главниот долг, велат извршителите.

Договорната камата на која се однесуваат измените во Законот е онаа која ја договараат фирмите помеѓу себе, вели за Канал 5 претседателот на комората на извршители Ванчо Марковски, додека во сметките за комуналии, кои најмногу ги засегаат граѓаните, таква камата нема. Марковски објаснува дека штом неплатениот долг кој го имаат граѓаните стигне кај извршител, тогаш почнува да тече казнената камата, која не е опфатена во измените. Сепак Марковски тврди дека казнената камата е далеку помала од договорната.

„Оваа одредба нема да има големо влијание врз извршување, во извршни истраги кои се предмет на наша работа, во најголем број случаи, законската казнена камата е утврдена пред нотар или суд./ Сите тие сметки кои не се доброволно платени од граѓани, за да дојдат кај нас, поминуваат низ судска постапка, и таму доверители за ненавремено плаќање бараат законска казнена камата.“ изјави Ванчо Марковски, претседател на КИРМ

Премиерот Заев, пак најави дека во процедура е законско решение со кое ќе се стави крај на пресметувањето на затезните камати.

„Ако сите тие доверители не успеале за 10 години да ги наплатат побарувањата и да продолжат да сметаат затезни камати, тоа е проблем или виртуозен круг во кој се влезени граѓаните, а ништо нема да значи за правните субјекти, банки или фирми. Дефинитивно тоа е пресметан ризик и треба да го отпишат како побарување, кога после 10 години не успеале да наплатат. “ истакна Зоран Заев, претседател на Влада

Минатата недела Собранието ги донесе измените според кои „…кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече…“ Измените ќе важат од 1ви октомври.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com