7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Маркизио: Милан сега е посилен од Јувентус, Локатели има се…

Најчитани вести

Поранешниот италијански репрезентативец, Клаудио Маркизио верува дека Јувентус во моментов заостанува зад Милан.

Јуве долги години доминираше во Серија А, меѓутоа минатата кампања не ја заврши како шампион, а и сезоната лошо ја започна и останува под знак прашање што „бјанконерите“ можат да направат, односно дали се конкурентни за пехарот.

Маркизио е легенда на старата дама и според него Јуве ќе мора да поработи за да се врати на шампионското ново.

-Милан сега е посилен од Јувентус. Малдини, Масара и Пиоли направија одлична работа за да го обноват тимот кој беше во проблеми со години. Како клуб, Милан заслужи такво враќање, со оглед на неговата богата историја. Почетокот во Лигата на шампионите не им беше лесен бидејќи Ливерпул е тежок противник, но убеден сум дека овој тим на Милан ќе направи некои добри работи, -вели Клаудио и продолжува:

-Јувентус е во процес на реконструкција. Сега тие се обидуваат да го достигнат нивото на тимот што го започна циклусот на доминација. Кога се поставува основата за долгорочни проекти, нормално е да има потешкотии на почетокот. Треба да им се даде доверба и време. Сега се создаваат нови лидери и не гледам проблем со идентитетот и карактерот. Клуб како Јувентус мора секогаш да се стреми кон победи. Потребно е само малку повеќе кохезија и трпение, -рече Маркизио кој даде коментар за Мануел Локатели кого често знаат да го споредат со него.

-Мануел е одличен играч. Неговите квалитети беа очигледни во Милано, а порасна во Сасуоло. Тој има се што е потребно за да стане лидер во средниот ред на Јувентус. Секогаш покажуваше силен карактер во националниот тим. Не сакам да не споредувам бидејќи тој ќе ја напише својата историја и верувам дека ќе биде прекрасно. Многу е важно да растеш во здрав клуб. Имав среќа што пораснав во Јувентус и имав време да созреам на позајмица во Емполи, -заврши големиот борец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com