31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

„Марка“ му се поклони на Кире: Лазаров ја продолжува својата легенда

Најчитани вести

Убедливата победа на македонската ракометна репрезентација против светскиот шампион Данска како бомбастична вест одекна низ сите медиуми во светот.

И најугледните светски медиуми им симнуваат капа на нашите репрезентативци кои предводени од новиот селектор, легендарниот КиреЛазаров креираа незаборавна вечер и историски резултат.

Силната Данска во еден момент во Скопје губеше и со убедливи девет голови разлика, нешто што не им се случило долго време, па токму затоа нашите репрезентативци ги собраа сите почести.

Кире Лазаров и ракометарите се најдоа и во шпанската „Марка“ која ги испофали за неверојатното издание против Данска, а јасно беше дека главниот акцент ќе биде ставен на капитенот и селектор на репрезентацијата.

– Кире Лазаров ја продолжува својата легенда во ракометот. Еден од најдобрите стрелци во историјата на овој спорт не можеше да има подобро деби работејќи како селектор- играч за Македонија. Балканскиот тим ја совлада Данска, земјата која е актуелен светски шампион.

-Лазаров заслужува специјално споменување. Лазаров кој имаше двојна улога како тренер и десен бек, улога која ќе ја извршува додека не ја добие Мастер лиценцата, беше во можност да и помогне на Македонија од клупата и од теренот, постигнувајќи четири погодоци. Ниту Микел Хансен со 11 гола зад своето име не можее да стори ништо против противник кој поголем дел од натпреварот напаѓаше со седум играчи, стои во написот на „Марка“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести