21.8 C
Skopje
Friday, September 24, 2021

„Марка“: Кејлор Навас се соочи со реалноста и му испрати изненадувачка порака на Зидан

Најчитани вести

На почетокот на летниот преоден рок се чинеше дека само една работа е јасна во тимот на Зинедин Зидан, а истата беше поврзана за голманската позиција каде уште од крајот на минатата сезона францускиот стручњак нагласи дека ќе му даде доверба на Тибо Куртоа.

Ваквата најава во принцип се очекуваше да значи брз трансфер на Кејлор Навас уште во месец јули, но сепак Костариканецот одби брзо да се откаже, обидувајќи да се докаже со своите добри изданија во пресезоната. Сега, на десетина дена пред затворањето на трансфер пазарот, угледната „Марка“ се повика на свои инсајдерски извори од клубот, посочувајќи дека Кејлор одлучи да се соочи со реалноста и излегол со барање кое доаѓа како изненадување.

Имено, Навас сфатил дека бесполезно ќе биде сето она што ќе го направи на тренинзите, бидејќи во главата на Зизу е зацртано дека прв голман на тимот е белгискиот чувар на мрежата кој имаше фантастична партија на мечот со Селта Виго. Како што вели „Марка“, Навас имал искрен разговор со Зидан и побарал да биде продаден до крајот на летниот преоден рок, иако е свесен дека оваа одлука ја носи со задоцнување.

Истиот медиум информира дека одговорните луѓе од клубот ќе се обидат да му пронајдат нова средина во овој краток временски интервал, но сето ова нема да биде баш лесно за остварување, бидејќи од друга страна клубот ќе мора да ангажира и нов голман бидејќи младиот Лунин пред неколку дена беше испратен на позајмица. Оваа одлука на Навас доаѓа со задоцнува и во најлошо време, а тоа може да излезе само негативно врз него, бидејќи се става во ситуација да ја мине барем првата полусезона на клупата за резерви.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com