17.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Марка: Зидан има уште една желба пред новата сезона, а тоа сигурно не е – Нејмар!

Најчитани вести

Неколкуте лоши настапи во подготвителниот период, од кој долго ќе се памети поразот од Атлетико Мадрид со 3-7, се причината поради која за тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, предниот рок сѐ уште не е завршен.

Французинот на клупата на „кралевите“ има уште само една желба и со сета сила се труди да го убеди претседателот Флорентино Перез да му ја исполни. Истовремено, легендата има една желба и за тоа кого дефинитивно не сака да го види во својот тим.

Зидан отворено му кажал на Перез да не пробува ништо околу евентуалниот трансфер на Нејмар од ПСЖ, кој за претседателот на Реал би бил замена за Кристијано Роналдо како носител на брендот и маркетиншки мамец за компаниите и навивачите. Популарниот Зизу во својот тим го сака уште Пол Погба од Манчестер јунајтед, за кого смета дека е алката која му недостасува.

Мадриѓани имаа неколку неуспешни обиди да го доведат Погба, а последниот беше со 27 милиони фунти и Хаме Родригез, што веднаш беше одбиено од „ѓаволите“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com