13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Маричиќ: Уверен сум дека пред четири до пет години имаше далеку повеќе корупција отколку денес

Најчитани вести

„Денес, верувам многумина ќе се согласат, не може ситуацијата со корупцијата да е полоша од 2015-та или 2016 година, кога ние практично имавме заробена држава и имаше експлозија од коруптивни афери. Едноставно сите информации упатуваат дека денес во Северна Македонија не може да има повеќе корупција од пред четири до пет години. Но, ние имавме големи коруптивни скандали во владеењето на ВМРО ДПМНЕ кои не се решени до денес и затоа перцепцијата на граѓаните е таква каква што е. Неказнивоста кон одредени коруптивни случаи, сега се сфаќа како ние да ја поддржуваме корупцијата. А завршницата на тие коруптивни случаи не е работа на владата, туку на правосудните органи.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма. Тој објасни дека државните инситуции кога ќе се посомневаат во каков било случај дека има елементи на корупција сакаат да го решат. „Проблемите не можеме да ги сокриваме, мораме да ги решаваме. Секој случај што го имаме го предаваме понатаму, до надлежните институции, дали е обвинителство, дали е некој друг орган, но понатаму тие треба постапуваат. Мора да имаме систем и не можеме да очекуваме дека политичарите ќе средат се во државата.“- дополни Маричиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести