27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Маричиќ: САД се силна поддршка и доверлив партнер на Северна Македонија

Најчитани вести

Со нашите стратешки партнери, Соединетите Американски Држави, од секогаш сме биле на иста страна, на страната на слободата, демократијата и напредокот.

Денот на независноста на САД, 4 Јули, е денот на раѓањето на државниот модел заснован на универзалните вредности на слобода, демократија и просперитет, напиша вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во честитката по повод Денот на независноста на САД.

Притоа, тој на американскиот народ му изразувам благодарност за, како што вели, незаменливата поддршка што САД продолжуваат да ја даваат за напредокот на Северна Македонија, но и што остануваат фокусирани на состојбите на Балканот, преку поддршка на мирот и стабилноста во регионот,
Како вистински пријатели со САД, додава вицепремиерот во објавата на својата фејсбук-страница, во историски моменти на нашата држава работевме и сѐ уште работиме на изградба на сигурна, стабилна и просперитетна иднина на македонските граѓани. Го потврдуваме, нагласува Маричиќ, нашето сојузништво во најмоќниот воен и политички сојуз – НАТО и застануваме еден до друг во време на предизвици.

-Денес кога сме исправени пред нови одлуки за нашата сегашност и иднина, САД се силна поддршка и доверлив партнер на Северна Македонија. Соединетите Американски Држави се клучен партнер на нашата држава од самата независност, тие помагаа во различни области со речиси 1 милијарда американски долари. Вложени се големи напори и ресурси во клучните области на реформите, како што се образованието, правдата, јавната администрација и економијата. Овие реформи се од витално значење за постигнување на стратешките приоритети на Северна Македонија – членство во НАТО, што е веќе постигнато и ЕУ за што надминуваме клучни предизвици, пишува вицепремиерот на ФБ.

Тој очекува оваа континуирана поддршка и помош од САД во следниот период да се унапредува преку новиот Стратешки дијалог. Новата Стратегија за развојна соработка на земјата 2020-2025 е фокусирана на обезбедување поддршка на промовирање просперитетна, добро управувана и безбедна Северна Македонија, посветена на евроатлантската интеграција преку партнерствата на УСАИД.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com