17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Маричиќ: Проектите за енергетска безбедност се нужност за просперитетен и еколошки чист регион

Најчитани вести

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ одржа состанок на Секторската работна група за енергетика нагласувајќи ја посветеноста на Владата да ја поддржи имплементацијата на Стратегијата за развој на енергетиката во Северна Македонија до 2040 година во согласност со препораките на ЕУ изразени преку процесот на стабилизација и асоцијација и годишниот извештај за напредокот на Европската комисија за Поглавје 15- енергетика.

„Мора да останеме фокусирани на ова прашање и на потребата од енергетска транзиција, што од друга страна пак е важен дел од Зелениот договор, бидејќи немаме друг избор ако сакаме енергетска безбедност, во просперитетен и еколошки чист регион“, рече Маричиќ.

Тој истакна дека новиот Закон за енергетика е целосно усогласен со Директивата за обновливи извори на енергија, а Северна Македонија е на пат да ги исполни задолжителните цели за енергетска ефикасност, додавајќи дека Северна Македонија е одлучна, во согласност со Зелената агенда за Западен Балкан, да продолжи со транзиција на чиста енергија и одржлив развој.

Вицепремиерот и Национален ИПА координатор на состанокот го претстави и новиот хоризонтален пристап за сите Секторски работни групи, како најважен механизам за транспарентна и инклузивна координација на секторската политика и планирање на донаторската помош, вклучително и ИПА.

„Новиот пристап повлекува политички дијалог за секторските стратешки приоритети и обезбедување донаторска помош за имплементација на националните приоритети“, посочи Маричиќ, појаснувајќи дека координацијата на донаторите и рационализирањето на донаторската поддршка е особено важно, имајќи предвид дека процесот на интеграција во ЕУ е скап потфат, а планирани се бројни реформи поврзани со интеграцијата во ЕУ во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА 2021-2025).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com