-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Маричиќ: Пописот помина во најдобар ред, забелешките се во промили

Најчитани вести

Бојкотот не наиде на масовен одзив и добро е што повикувањата на Левица не ја постигнаа целта, сериозно пристапивме на правна анализа за оние кои настапија деструктивно на пописот, ДСЗ ќе направи проценка, а обвинителствотото ќе види како ќе постапи, рече во гостувањето на „Само интервју“ министерот за правда Бојан Маричиќ.

Изборите се доброволни и незадолжителни, за разлика од пописот кој не е политичка операција туку потребни информации. Ние да имавме нешто да криеме немаше да викнеме претставник на Евростат да врши надзор како се спроведува пописот, методологијата е нивна и првпат не се спроведува од страна на државна пописна комисија, туку ДСЗ и не се прави политичка комисија како порано, туку заводот со стручните лица го спроведува пописот, рече Маричиќ.

Според него целта не е владата да казнува туку сите да бидат попишани.

Мислам дека успеавме да ја спроведеме добро, по таа методологија и гледаме дека бројката е близу 2 милиони. Информациите се земаат од седум бази кои се појдовна основа за теренскиот попис. Досега теренскиот попис има опфатено 1,9 милиони жители, плус над 200 илјади граѓани регистрирани со самопопишување, појасни тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com