1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

Маричиќ: Остануваме партнер во социјалниот дијалог со синдикатите

Најчитани вести

На денешното обраќање на настанот по повод јубилејот 30 години Синдикат на УПОЗ , министерот за правда Бојан Маричиќ ја потврди заложбата на Владата и Министерството за правда да бидат стабилен партнер во социјалниот дијалог со Синдикатот на УПОЗ, со цел подобрување на животниот стандард на работниците.

„Низ годините постоеле ситуации кога Владата и Синдикатот се нашле на различни страни, но стремежот наш отсекогаш бил и ќе биде да има партнерски однос со синдикатите. Дури и кога не се согласуваме за одредени работи, успеваме низ конструктивен и искрен дијалог да дојдеме до заедничко решение и да постигнуваме договори, бидејќи интересите на работниците треба да се на прво место“, кажа Маричиќ во своето обраќање.

Министерот ја истакна и важноста на синдикалното делување и улогата на државата во борба за слободна, демократска, правна и социјална држава, но и достоинство на професијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести