Home » Маричиќ од Љубљана: Местото на Северна Македонија ќе биде во новите граници на ЕУ

Маричиќ од Љубљана: Местото на Северна Македонија ќе биде во новите граници на ЕУ

by Журнал.мк

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска е во официјална посета на Љубљана, каде оствари средба со државниот секретар за меѓународни прашања при Владата на Република Словенија, Војко Волк.

На средбата беше разговарано за односите помеѓу Северна Македонија и ЕУ и плановите на нашата земја за продолжување на преговорите со ЕУ, за што од страна на Волк беше потврдена силната заложба на Словенија за активирање на политиката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ.

„Потврдата дека имаме многу европски пријатели кои ја препознаваат нашата држава како идна членка на ЕУ дополнително нѐ охрабрува да продолжиме со реформите и влева оптимизам дека ќе успееме во процесите кои сме ги започнале“, посочи на средбата вицепремиерот Маричиќ.

Во тој контекст вицепремиерот Маричиќ укажа дека Владата е максимално посветена на евроинтегративниот процес и на спроведувањето на реформите кои – преку примената на европските стандарди и вредности, им служат на граѓаните и на модернизацијата на државата, посочувајќи дека посебно внимание се дава на реформите во поглавјата 23 и 24, односно во областите на правдата, борбата против криминалот и корупцијата, малцинските права и слободата на медиумите.

Соговорниците разговараа и за исклучително добрите односи меѓу двете земји на политички, економски, културен и економски план и можноста за нивно унапредување.

Маричиќ во рамки на работната посета во Љубљана во македонската Амбасада ќе ги сретне и студентите од Македонската студентска организација во Словенија (МСОС) и македонските иселеници во Љубљана, а ќе присуствува и на настанот на првиот Форум на Европски Балкан, 20 години по Самитот на ЕУ во Солун, каде ќе се обрати на тркалезна маса на тема: „Моменталниот однос на ЕУ кон Земјите од Балканот“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk