8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Маричиќ од Анкара: Искуствата на Турција за дигитализација на судството за нас се од големо значење

Најчитани вести

Министерот за правда Бојан Маричиќ од Анкара во телефонска изјава говореше за посетата на Брисел и Анкара и дигитализацијата на судството.

Министерот брифираше дека во Брисел тој порачал дека Македонија ќе продолжи интензивно да ги спроведува реформите дома, но дека е потребно ЕУ да не го губи фокусот и час поскоро да создаде услови за почеток на преговорите.

Говорејќи за посетата на Анкара, Маричиќ истакна дека главниот повод на посетата е размена на искуство во делот на едукацијата на кадрите во правосудството и дигитализацијата на судскиот систем.

  • Денес ќе го посетам Генералниот директорат за информатичка технологија каде ќе имаме можност да видиме каков систем за дигитализација на судството имаат тука. Дигитализацијата кај нас ќе биде поддржана од нашите меѓународни партнери како амбасадата на САД, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Норвешката влада итн., информираше Маричиќ.

На турскиот колега, министерот за правда Ѓул, Маричиќ му го претставил планот за дигитализација на над 120 судови во земјата и истакнал дека искуствата кои ги има Турција во процесот на воведување на информатичка технологија во правосудството е од исклучително големо значење за нас.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com