9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Маричиќ на 24: Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е во Будимпешта, не во Скопје, од таму ги добиваат сите насоки

Најчитани вести

„Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ не е во Скопје, туку е во Будимпешта. Командите ги добиваат од таму, кандидатите за локални избори ги добиваат од таму и сите насоки за политички постапки ги добиваат од таму“ кажа министерот за правда Бојан Маричиќ во дебатата на „24 анализа“.

Тој додаде дека земјава има четири последователни позитивни препораки од Европската комисија, за разлика од претходно кога за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ таа препорака беше замрзната.

„Во март минатата година добивме одлука за почеток на преговорите потврдена од сите 27 држави, каде и Бугарија ни даде поддршка. Следната фаза е одобрување на преговарачката рамка и прва меѓувладина конференција. Ние сме пред таа фаза, која не се случи поради тоа што Бугарија бара начин како билатералните прашања да ги наметне во таа преговарачка рамка“ рече Маричиќ.

„Ние водиме одговорна и сериозна политика, за разлика од Влатко Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ. Не ја држиме државата десет години во тунел, ние не го добивме печатот на заробена држава од Европската комисија. Ние не бевме и не сме скарани со сите соседи“ кажа Маричиќ.

Тој додаде дека доколку некој е симбол за неодговорна политика и мисли дека националните интереси се градат со милионски споменици, тогаш тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com