10.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Маричиќ: Нашите европски интеграции премногу долго се жртва на билатерални политички прашања

Најчитани вести

Во преговорите со Бугарија првпат годинава воспоставивме систем на рационални разговори, кои се водат на повеќе теми. Процесот престана да биде заробен само од одредени прашања, пред се поврзани со историјата и тој нов пристап и нова енергија мислам дека даваат резултати, без разлика на сите пречки, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Во однос на подготвеноста за почеток на преговорите, Маричиќ на форумот по повод 100 дена од мандатот на Владата, рече дека во редовните извештаи кон ЕУ имаме некое ниво од 45 проценти на подготвеност или усогласеност со системот на Унијата и нивото на подготвеност според последниот извештај е највиско во регионот и дури е повисоко од некои земји кои веќе преговараат, како Србија и Црна Гора.

– Имаме добра стартна позиција, но многу е важно да ни се даде прилика да почнеме. Нашите европски интеграции премногу долго се жртва на билатерални политички прашања и затоа е време што поскоро да ги затвориме тие прашања на правилен и достоинствен начин, за да можеме да се посветиме на вистинските реформи и европеизација на нашето општетсво, изјави Маричиќ.

Зборувајќи за изгледите за напредок во евроинтеграциите, Марчиќ рече дека со Бугарија се подобрени односите и интензивирана е комуникацијата, и дека петте работни групи имаат направено многу.

– Таа енергија треба да ја искористиме за време на француското претседателство да се обидеме да направиме сериозен напредок и решение, рече Маричиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com