Home » Маричиќ: Имавме неправеден пат кон Унијата, но важно е да имаме јасен план за членство

Маричиќ: Имавме неправеден пат кон Унијата, но важно е да имаме јасен план за членство

by Журнал.мк

Единствен план е да обезбедиме најмалку 80 пратеници коишто ќе гласаат за уставните измени, кажа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во гостувањето во емисијата „Детектор“.

„Одговорноста на секој пратеник ќе биде на крајот на тој процес да одлучи дали нашата држава да оди во ЕУ или да остане каде што е сега. Дали сакаат да излезе како сценариото во Бугарија каде што некои не сакаат ние да успееме за да можат да не тргнат на страна и да не тормозат уште 20 години или ќе го завршиме ова и ќе ги придобиеме сите уште еднаш на наша страна и Бугарите ќе ги изгубат сите аргументи. Во однос на тезата за репреговарање или ако испорачаме реформи немало да треба да се менува Уставот, верувајте премногу наши пријатели од силни држави дојдоа тука и кажаа јавно дека договорената и усвоена рамка нема повеќе да се менува. Треба да бидеме искрени“, кажа Маричиќ.

Тој изрази увереност дека домашните политичари сакаат земјава да биде дел од пакетот кога ќе се отвори вратата првиот следен пат за нови членки во Унијата.

„Други алтернативи нема, тие или се неразвиени или не се добри“, потенцира Маричиќ, додавајќи дека сме имале неправеден пат кон Унијата, но дека е битно да имаме јасен план за членство во Унијата и од страна на Брисел.

Според него, реална е целта за зачленување во 2030 година и за таа цел треба да се работи и да се исполнуваат обврските.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk