14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Маричиќ: Иднината на регионот е во Европската Унија

Најчитани вести

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со министерот за сојузни, европски и меѓународни прашања во Владата на Сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, Штефан Холтхоф-Пфертнер.

Вицепремиерот Маричиќ на средбата со министерот Холтхоф-Пфертнер изрази благодарност за посветеноста на германската Влада на европската перспектива на Македонија, особено во време на геополитичките предизвици со кои се соочува континентот.

  • За нас е многу важна оваа посета, бидејќи сметам дека е сигнал за посветеноста на Сојузна Република Германија на проширувањето на Унијата со земјите од регионот. Сега е време за лидерски чекор и очекуваме силна поддршка за земјите од Западен Балкан, затоа што иднината на регионот е во Европската Унија и тоа мора да биде потврдено што е можно поскоро, рече вицепремиерот Маричиќ на состанокот.

Министерот Холтхоф-Пфертнер го потврди напредокот на земјата во реформите и дека одамна Македонија заслужи да ги започне преговорите со Унијата. Тој изрази и надеж дека преговорите со Бугарија ќе бидат успешни, исто како и со Грција, и во ова време на глобални предизвици, сите заеднички ќе докажат дека Европската Унија е единствената опција за земјите од регионот.

Во продолжение, вицепремиерот Маричиќ се осврна и на соработката што ја имаме со Сојузна Република Германија која првенствено се рефлектира во постојаната помош за нашата земја да ги достигне европските стандарди во областите опфатени со преговарачките поглавја, особено оние кои се однесуваат на владеењето на правото, но и за отворање на нови можности за соработка со Сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија.

Маричиќ и Холтхоф-Пфертнер на крајот од средбата се согласија дека позитивните сигнали од ЕУ за земјава се добредојдени, но дека се неопходни конкретни чекори од страна на Унијата, особено имајќи ја предвид нестабилноста која ја предизвикува воената состојба во Украина, која всушност е војна и против слободна Европа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com