2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Маричиќ за српска „Политика“: Блискоста на македонскиот и српскиот народ е богатство

Најчитани вести

Приоритет ми е самостојно судство и работа без притисок, тоа, секако, не значи дека притисоци не постојат, вели Маричиќ во разговор за „Политика“.

Македонија и Србија имаат традиционално добри релации, благодарение на исклучително блиските односи кои ги негуваат граѓаните на овие држави. Таа блискост е богатство, кое ние, политичарите, трава да го следиме и одржуваме. Двете земји имаат одлична економска соработка, а блиските односи уште еднаш се докажаа и сега, за време на пандемијата. Србија бепе првата држава од која пристигнаа вакцини и ние тоа многу го почитуваме. Тоа за нас претставува чин на солидарност, вели во разговор за српска „Политика“ министерор за правда на Македонија Бојан Маричиќ

Дали во Скопје се размуслува за возвратна мерка?

Премиерот Заев веќе најави дека најверојатно во знак на благодарност српските граѓани кои ќе патуваат во Македонија, или ќе транзитираат низ нашата земја, ќе бидат ослободнеи од наплата на патарини и дека на тој начин директно го возвраќаме чинот на пријателство кој го покажа Србија. Верувам дека добрите односи додатно ќе се развијат во иднина, имајќи ги во предвид регионалните иницијативи во кои атвино се вклучени двете земји. Премиерот Заев и претседателот Вучиќ веќе работат на уште поголемо поврзување на двете земји преку проектот „мини –шенген“, а тоа е уште еден доаз за пријателството и блискоста на народите од двете држави.

Дали Министерстрвото за правда ја искористи солидарната помош на Србија за вакцинација против вирусот корона?

За вакцинација се пријавив како и секој друг граѓанин, на сајтот на Министерството за здравство и чекам да бидам повикан кога ќе дојдам на ред да се вакцинирам. Тоа го сторија и членовите на мојот кабинет. Нема привилегирани- кога ќе дојдам на ред и ќе бидам повикан од страна на здравствените власти, ќе се вакцинирам.

Како ја оценувате работата на судовите во изминатиот период?

Прв пат после повеќе години гледаме дека судовите конечно се ослободени од политичниот притисок и како резултат на тоа, почнуваат да судат праведно. Тоа, секако, го гледаат и граѓаните и тоа е еден од главните причини што постепено се враќа довербата во правната држава и правосудството.

Премиерот Зоран Заев и Христијан Мицкоски, наследникот на Никола Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, односно влста и опозицијата постигнаа договор. Дали сметате дека и двајцата се искрени во ставот дека изборите и пописот на населението се одложуваат поради пандемијата на коронавирусот за да се заштити народот?

Секој договор кој е добар за државата и граѓаните би требало да биде подржан. Таков е и овј. Секоја земја поуспешно и подобро ќе се развива и носи со предизвиците доколку власта и опозицијата имаат „заеднички јазик“ барем за најважните државни прашања, а пописот на населението и изборниот модел секако спаѓаат во оваа група. Во овој случај двете парии демонстрираа зрелост и јас се надевам дека опозицијата ќе се придржува до договореното. Македонија немала попис веќе 120 години и повеќе пати сум кажал дека ни е и повеќе од потребен. Треба да докажеме дека сме способни како систем да спроведеме масовни операции во сложени услови. За време на пандемијата организиравме предвремени парламентарни избори, уверен сум дека можеме да извршиме попис на населенито.

Корупцијата го уништи Специјлното јавно обвинителство, каде на иста страна се најдоа и оние кои требаше да го штитат законот и оние кои се од другата страна на законот. Постојат различни мислења во земјата и во странство кога станува збор за политичкото гонење на лица од времето кога Никола Груевски беше премиер…

Европската комисија во својот последен извештај оддаде признание за добар напредок при имплелентација на нашите стратегии за реформи во правосудството во кои се адресирани итните реформски приоритети на Прибе. Сепак, корупцијата, како појава со која се соочуваат сите земји од регионот, останува предизвик на чие решавање повеќе ќе работиме во иднина. Нејзиното искоренување не е брза и едноставна работа, а сведоци сме и на големиот број препреки на тој пат. Тоа е една од причините зошто го започнавме процесот на прочистување на правосудството, каде Судскиот совет ја оценува работата на судијата, и досега 12 судии се разрешени поради нестручно или несовесно работење. Значи, процесот за ослободување започна и тој е во тек. Судовите и обвинителствата се на тест секојдневно, како што сме и сите ние. Се продолжуваат сите истраги и сите судења пртоив поранешните високу функционери или тајкуни. Исто така во изминатит период покажавме дека правдата важи подеднакво за сите, без оглед на тоа дали се дел од власта или опозицијата. Заслуга за ова има новиот Закон за обвинителство, со кој се преземени случаите од поранешно СЈО, а овие денови гледаме дека по долгогодишните одложувања овие случаи полека се затвораат. Затворањето на овој циклус е едно од поголемите барања на Европската унија за нашата земја во областа на владеењето на правото.

Покрај корупцијата, и политиката влезе длабоко во судските предмети. Пред се, албанските партии, директно или индиректно, ги штитат своите сонародници. На кој начин го решавате тоа?

Тоа е ваша констатација. Тоа што јас знам е дека, откако сум дојден на местото министер за правда, приоритет ми е самостојно судство и работа без притисок. Тоа, секако, не значи дека притисоци не постојат, дали од политичкка или бизнис страна. Нашата влада ги тргна рецете од правосудството. Кај нас Судскиот совет сега го спроведува моделот за филтрација на судиите и судовите, па така сите оние за кои ќе се утврди дека не работеле за правда, односно дека биле под нечие влијание, ќе бидат идентификувани. Веќе имаме 12 разрешени судии, за кои е утврдено дека постапиле нестручно, влијаеле на застарување на предметот или некого штителе. На овој начин ќе се врати довербата на граѓаните во судските органи, кои исто така ќе бидат заштитени од било какви влијанија, вели Маричиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com