7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Маричиќ за посетата на Фигел на Камчев: Многу врева за ништо!

Најчитани вести

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во Утрински брифинг појасни за вчерашното недоразбирање во затворот „Скопје“, кога поранешниот еврокомесар и поранешен специјален пратеник за верски права Јан Фигел инсистирал да влезе и да го посети притвореникот Орце Камчев.

-Многу врева за ништо, има една драма од Шекспир. Мислам дека целата таа приказна е пренапумпана во јавноста веројатно со некаква цел. Средбата на Фигел со Орце Камчев е на барање на адвокатот на Камчев. Побарано е пред два дена од судот, а потоа се појави пред затворот и побара да се види со Орце Камчев. Бев известен, побаравме информации од Европската комисија и од Словачката амбасада, нему сите фунции му се веќе одминати. Се работи за приватна иницијатива и од судот имале дилема дали во моментов има некаква функција. Проверено е и утрдено е дека нема функција. Немаше одобрение од судот во одредено време, потоа е дозволено. Ниту јас ниту еврокомесарот Вархељи не сме ургирале кај никого за да се случи или не се случи посетата, тоа се шпекулации, објаснува министерот за правда Бојан Маричиќ.

Тој напомена дека сите противореници и затвореници имаат редовни посети од адвокатите и блиските луѓе од семејството.

-Орце Камчев пред неколку месеци имаше и барање за посета и од Хелсиншки комитет за човекови права и тоа му беше одобрено. Николу ништо не му е забрането. Морам да напоменам дека вон сите процедури е појавување пред затворот и барање да се види со затвореник или притвореник, работа е на судот одобрение за посета на лицата во затворот, нагласи Маричиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com