Home » Маричиќ за новата инвестиција во Росоман: Девет милиони евра од ЕУ за развој на економијата и за чиста животна средина

Маричиќ за новата инвестиција во Росоман: Девет милиони евра од ЕУ за развој на економијата и за чиста животна средина

by Журнал.мк

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска имаше средба со градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов, на која разговараа за проектот за изградба на фабрика за третман на животинските нуспроизводи, во согласност со ЕУ и националното законодавство, проект во рамките на ИПА 2019.

– Буџетот е 9 милиони евра, европски пари за инвестиција во циркуларна економија, со која се воведува функционален и затворен систем за нештетен и безбеден третман и отстранување на отпад од животинско потекло. Ова значи економски просперитет на општината и еколошка здрава животна средина, рече на средбата вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор истакна дека искористеноста на европските фондови за евроинтегративниот процес е многу важна, од нив ќе зависи брзината на трансформација и воведувањето на европските стандарди во македонското општество.

– Општините имаат важна улога во усвојувањето и примената на европските стандарди и вредности, и поради тоа треба да продолжат со реализација на проекти од корист на локалните заедници и нивните граѓани, посочи Маричиќ и побара од Николов максимална посветеност и обезбедување видливост на придобивките за локалната заедница што ги носи европската интеграција преку конкретни проекти.

Градоначалникот Николов во таа насока кажа дека е свесен за придобивките кои ги носи користењето на европските фондови во градењето на општинските административни и инфраструктурни капацитети, подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и подготовка на локалните самоуправи за достигнување на европските стандарди.

Градоначалникот Николов на средбата го информираше Маричиќ за спроведените проекти и за оние кои ќе следуваат, во пресрет на годишниот отчет кој следната недела ќе го даде пред општинскиот Совет.

Оваа инвестиција ќе овозможи да се собираат и обработуваат сите категории на материјали од животинско потекло кои произлегуваат од кланиците и месната индустрија. Капацитетот е пресметан за обработка на 8.000 тони животински нуспроизводи секоја година. Ова е пример за инвестиција во циркуларна економија, што претставува дел од Зелената економија, овозможувајќи да се трансформира собраниот и преработениот материјал од загадувачки отпад во производи кои можат да се користат во други производни циклуси.

Инвестицијата има вредност 9 милиони евра, од кои половината се обезбедени преку ИПА, а половина ќе се користи заем од Светска банка. Договорот за градба се очекува да се потпише до крајот на февруари 2023 година. Со отворањето на оваа фабрика ќе се вработат околу четириесет жители на Росоман и околните населени места.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More