21.8 C
Skopje
Tuesday, July 5, 2022

Маричиќ: Добро е Франција да учествува и да направи иницијатива што може да ни помогне во преговорите со Бугарија

Најчитани вести

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во „Клик плус“ изјави дека постои внимание и интерес од страна на Франција како претседавач, но и желба, во овој сензитивен момент, да се даде шанса и да се помогне во процесот на разговори со Бугарија.

  • Се приметува зголеменото француско присуство во регионот и кај нас, во последниот период. Тоа е за нас е добро, мислам дека е добро Франција да се ангажира, нејзиното внимание да биде фокусирано на Западен Балкан, поточно на нашиот случај. Тоа значи дека треба на сите политички фактори и тука и во Бугарија да им се стави јасно на знаење дека почнувањето на нашите преговори е стратешки интерес за ЕУ, не само за нас, туку и за ЕУ и дека особено во контекст на војната во Украина, за да нема опасност со натамошна дестабилизација и загрозеност на позицијата на ЕУ во регионот. Но дали тоа има сила ќе видиме на крајот, рече Маричиќ во „Клик плус“.

Вицепремиерот истакна дека сите предлози коишто до сега биле на маса, почнувајќи од германското претседателство, се користени во текот на разговорите исто како што биле предложени, со одредени модификации, а португалскиот предлог го потенцираше како прифатлив и нешто што се смета дека е фер решение.

  • Ние сме на принципиелна позиција дека сè што ќе се договори и сè што ќе се стави во документ дека е договорено, ние немаме проблем да го имплементираме како билатерална обврска. Меѓутоа кога нешто се бара да влезе во преговарачката рамка тоа е веќе прашање за сите држави членки. А тука имаме држави членки кои не се согласуваат со тоа, а и ние не би сакале нашиот процес на евроинтеграции да се претвори во процес само за дискусија за билатерални прашање со Бугарија, посочи Маричиќ

За Иницијативата „Отворен Балкан“, вицепремиерот Маричиќ рече дека „Отворен Балкан“ е прва иницијатива која руши бариери во регионот, повикувајќи да се вклучат и другите држави кои сметаат дека има што да прават заедно, без притоа да се оптоварени со политичките прашања и на практичен начин да им го олеснат живеењето на сите граѓани во регионот.

  • Идејата а отворен Балкан е добра идеја, добра соработка помеѓу држави од овој регион којшто долго време не направиле нешто за намалување на бариерите, за олеснето движење, олеснет бизнис, олеснето функционирање на економските оператори и мислам дека е прва иницијатива после долго време којашто доаѓа искрено од државите од Западен Балкан, истакна Маричиќ во гостувањето на ТВ21.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com