Home » Маричиќ: Денес извештајот на ЕК зборува за сосема понапредна држава од таа во 2016-та

Маричиќ: Денес извештајот на ЕК зборува за сосема понапредна држава од таа во 2016-та

by Журнал.мк

„Во однос на коментарите на опозицијата за Извештајот на Европската комисија би кажал само кратко – ако направиме споредба со извештаите до 2016 година и денес, тогаш зборуваме за една скроз понапредна држава“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за Канал 5.

Тој додаде дека денес сме во скроз различна ситуација, дека постојат забелешки за дел од спроведување на законите, но дека скрининг процесот ќе помогне да се зајакнат институциите и согледаат и решат сите слабости.

„Мислам дека генерално треба да сме задоволни од овој извештај, но не задоволни во смисла да се опуштаме и да сметаме дека нема што повеќе да направиме, туку како мотивација да направиме уште повеќе“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека овој Извештај и почнатиот скриниг процес се добра шанса опозицијата да се вклучи во реформските процеси и да се изгради консензус за прашањата поврзани со европската интеграција на земјава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More