Home » Маричиќ: Во септември почнува скринингот по кластери и поглавја

Маричиќ: Во септември почнува скринингот по кластери и поглавја

by Журнал.мк

Согласно нашите анализи, 45 проценти во државата веќе има усогласување во делот на законодавството, и доколку се продолжи со таа динамика, темпото ќе биде побрзо од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе десет години, посочи денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој во изјава за „Алсат М“ потврди дека вчера официјално започна процесот на скрининг, и тоа во рамки на состанокот кој се одржа во Брисел заедно со делегацијата на Република Албанија, при што било објаснето кои се чекорите кои следуваат, што е она што треба ние да се подготвиме и бил споделен календар за нашите наредни активности.

Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека на средината на септември почнува скринингот и по кластери и по поглавја.

-Најпрво во прва фаза ќе одиме со дополнување на оној објаснувачки скрининг, каде што Европската комисија нам ќе ни претстави што е тоа што треба да усогласиме до членството, а потоа и билатералниот кога ќе се вклучат земјите членки со свои наоди, со свои гледишта, и врз основа на тоа, тоа ќе трае едно 14-16 месеци, и во тој период ние ќе треба да ги изработиме и оние клучни документи, додаде Маричиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk