Марио Манџукиќ се наоѓа на излезната врата од Јувентус, но според последните информации и понатаму ќе остане во Италија.
Хрватот не е во плановите на новиот тренер на „старата дама“, Маурицио Сари кој најверојатно ќе го игра Кристијано Роналдо во на најистурената позиција.
За Манџукиќ има многу заинтересирани клубови и тоа од Германија, Шпанија, Англија и Франција. Сепак, во моментов до него најблиску е римски Лацио. Единствен проблем за клубот од Рим може да биде платата на Хрватот која годишно изнесува четири милиони евра.