27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Марио Бонети, пензиониран инженер, ја вози својата Panda секој ден

Најчитани вести

Роден на 6 мај 1920 година, Марио Бонети од тосканското летувалиште Виареџо сè уште има право да ја вози својата Fiat Panda бидејќи е во добра форма односно и добро гледа и добро слуша. Бонети возачката дозвола ја добил пред повеќе од 80 години, а сега на 102 години добил продолжување.

„Мојот вујко е сила на природата, добро гледа, љубопитен е, интелигентен и добро слуша“, изјавила неговата внука Адријана Бонети во интервју за дневниот весник La Nazione. „Беше целосно мирен при годишниот преглед за обновување на возачката дозвола“.

Марио, пензиониран инженер, ја вози својата Panda секој ден. Интересно, Марио не е единствениот стогодишник со возачка дозвола во Италија. Во јуни 100-годишна Италијанка ја обновила возачката дозвола. Кандида Удерзо од Бреганзе во северниот италијански регион Венето го користи своето Fiat Punto за да прави мали пазарувања во градот. Од друга страна, таа со велосипед оди во посети на својата 95-годишна сестра Рита.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com