30.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Марио Арангеловски помина во вториот круг од „Ѕвездите на Гранд“

Најчитани вести

Македонскиот пејач Марио Арангеловски ќе пее во вториот круг на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој на социјалните мрежи објави слика со Јелена Карлеуша и се пофали дека ја избрал за свој ментор. 23-годишниот пејач е еден од педесетмината Македонци што годинава ќе се натпреваруваат во популарното музичко шоу.

За потсетување, пејачот од Куманово, ѝ стана познат на јавноста по учеството во неколку домашни и странски музички шоуа, меѓу кои и настапите во српскиот и бугарскиот „Икс фактор“. Марио е и познат јутјубер, кој има свој канал на кој постојано објавува интересни видеа. Текстот Марио Арангеловски помина во вториот круг од „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести