17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Марго Роби и Рајан Гослинг за прв пат сликани во нивните улоги на Барби и Кен

Најчитани вести

Колку пати сте се запрашале како би изгледала Барбика во реалниот живот? Па, една идеја дојде оваа недела кога Марго Роби за прв пат беше фотографирана облечена како иконската кукла, на снимањето на долгоочекуваниот истоимен филм во Лос Анџелес.

Австралиската актерка (31) е видена како излегува од својата приколка облечена како модна кукла – во розови ѕвонарки, елек со реси и руса коса што трепери од нејзините раменици.

Марго неодоливо потсетуваше на Барби, штотуку извадена од кутијата, а фановите едвај чекаат да видат каков пристап ќе ни даде оваа позната кукла (за која многумина ја обвинуваат објективизацијата на жените), во режија на Грета Гервиг.

Режисерката на филмот „Малите жени“ и „Лејди Баг“, Гервиг (38) го режираше проектот и го напиша сценариото за филмот со нејзиниот долгогодишен партнер Ноа Баумбах.

Покрај убавата русокоса е фотографиран и Рајан Гослинг, кој го игра колегата на Барби, Кен, една недела откако беше објавено дека ќе се приклучи на актерската екипа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com