Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари го објави списокот со фудбалери кои ќе конкурираат за настап во групната фаза во Лигата на шампионите. На списокот ги нема Емре Џан и Марио Манџукиќ.
Исто така, голманот Матиа Перин и дефанзивецот Џорџо Киелини не се во конкуренција поради повредени.
Сари ќе смета на овие фудбалери:
голмани: Шчесни, Буфон, Пинсоло;
одбрана: Де Шиљо, Де Лихт, Алекс Сандро, Данило, Бонучи, Ругани, Демирал;
среден ред: Пјаниќ, Кедира, Ремзи, Матуиди, Квадрадо, Рабио, Бентанкур;
напаѓачи: Роналдо, Дибала, Даглас Коста, Игуаин, Бернардески.
Јувентус е во група со Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид и Локомотив Москва.