-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Манчини: Уште ништо не е готово

Најчитани вести

Англија или Данска ќе бидат противници на Италија во нивното четврто финале на Европските првенства, во кое на 11 јули Аѕурите ќе се обидат да ја освојат втората континентална титула на која чекаат од далечната 1968 година.

Шпанците се изборија победникот во првото полуфинале да се одлучува во пенал-рулет, во кој составот на Роберто Манчини се покажа како попрецизен од оној на Фуријата, но италијанскиот селектор не е задоволен само со пласманот во големото финале.

„Пеналите знаат да бидат сурови. Игравме против цврст тим, Шпанија дејствуваше одлично и моравме да го заслужиме овој пласман. Со промената Мората да го почне мечот од клупата, наидовме на доста проблеми, но се адаптиравме на ситуацијата. Не одигравме како што досега се покажавме на ова ЕП, но фудбалот не е само напад, моравме и добро да се браниме. Заслугата оди на моите момци кои веруваа во ова уште пред три години. Но, ништо не е готово, нè чека битка за титулата за која мора да бидеме 100% подготвени“, посочи Манчини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести