7.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Манчини и Гунес оптимисти: Италија и Турција можат да стигнат до финалето

Најчитани вести

Вечерва на Олимпискиот стадион во Рим, Италија и Турција ќе го отворат Европското првенство во фудбал. Покрај овие два репрезентации, во А-групата, ќе се натпреваруваат и селекциите на Велс и Швајцарија.

Италија и е фаворит од сенка, Турција е талентирана репрезентација, која може да биде изненадување на континенталниот шампионат.

Италија, во првиот натпревар на ЕУРО 2020, влегува со серија на извонредни резултати. Азурите немаат пораз на последните 27 натпревари. Во групата за пласман на ЕП победи на сите натпревари.

„Првиот натпревар секогаш е најтежок. Мораме да влеземе растоварени, мораме да се ослободиме од притисокот кој го имаме како домаќини. Турција има многу талентирани играчи. Ние имаме одлични играчи и одличен тимски дух. Верувам дека имаме се што ние потребно за да дојдеме до финалето“, рекол италијанскиот селектор, Роберто Манчини.

По мечот со Турција, Италија за четири дена ќе игра против Швајцарија, а на 19.јуни против Велс.

Оптимизам пред почетокот на ЕП владее и во турскиот национален тим. Селекторот Сенол Гунеш, посакува пласман во финалето.

„Не сме фаворити во оваа група, но би сакале да играме во финалето, би сакале таму противник да ни биде Италија. Нашиот репрезентативен пат започна во 2002 година на Светското првенство и ние се уште одиме по тој пат. Италија е квалитетен тим, но има и свои слабости. Сакам мојот тим да го покаже квалитетот, иако ќе биде тешко да се бориме со нив на тактички план. Добро е што имаме играчи кои играат во Серија А. Ова ќе биде дуел на два силни тима, верувам дека можеме да победиме“, рекол Гунеш.

Натпреварот на Олимпико ќе започне во 21 часот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com