8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Манчини во СОЛЗИ: Горд сум на успехот, овие момци се неверојатни!

Најчитани вести

Селекторот на Италија, Роберто Манчини е горд што неговите избраници го освоија Европското првенство (ЕП) по изведување на пенали против Англија на „Вембли“.

Италијанецот беше пресреќен што конечно ја израдувал цела држава, иако не очекувале да стигнат толку далеку.

„Беше невозможно да се размислува за ова во една фаза, но момците беа неверојатни. Немам зборови за нив. Ова беше тежок меч, но освен првиот гол на Англија мислам дека доминиравме во мечот“, кажа Манчини.

Манчини кажа дека не можел да ги задржи солзите зашто го совладале емоциите.

„Да се освои Европското првенство по 1968 година и да се донесе трофејот дома е нешто неверојатно. Тие солзи се емоции кои доаѓаат по нешто неверојатно. Кога ги видов среќни моите фудбалери и навивачи, не можев повеќе да издржам“, кажа италијанскиот селектор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com