17.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Манчестер ј. понуди 70 милиони фунти за ѕвезда на Лестер и доби – корпа!

Најчитани вести

Манчестер јунајтед очајно се обидува да ја засили одбраната пред почетокот на новата сезона, а приоритет ќе биде ангажманот на Хери Мекгвајер од Лестер сити.

„Црвените ѓаволи“ денеска испратиле понуда до „лисиците“ во висина од 70 милиони фунти за стоперот, но истата веднаш била одбиена, пишува „Скајспортс“.

Лестер знае дека интерес за дефанзивецот има и од Манчестер сити, па се надева дека со наддавање помеѓу двата клуба од Манчестер ќе успее да инкасира многу повеќе пари.

Засега во светот на фудбалот најскап дефанзивец во историјата е Вирџил ван Дајк, откако Ливерпул за него плати 75 милиони фунти да го доведе од редовите на Саутемптон во јануари 2018 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com