14 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Манчестер јунајтед презеде акција против навивачите што расистички го навредуваа Погба

Најчитани вести

Манчестер јунајтед не го победи Волвс, а можеше да го стори тоа доколку Погба погодеше од пенал. Французинот си го навлече гневот на навивачите, а некои од нив го навредувале и расистички.

Погба за 12 месеци има промашено четири пенали, но тоа не го спречува да ги изведува. Таквиот негов однос ги иритира фановите, па некои од нив ја преминале границата.

На социјалните мрежи имало навреди на расна основа кон Погба. Манчестер јунајтед е згрозен и се закани дека ќе преземе акција против непримерните навивачи.

„Сите во Манчестер јунајтед се згрозени од расистичките навреди кон Пол Погба синоќа. Поединците што се изразуваат така не ги претставуваат вредностите на нашиот голем клуб. Манчестер јунајтед има нула толеранција кон каква било форма на расизам или дискриминација. Работиме на тоа да ги идентификуваме неколкуте инволвирани во овие инциденти и да ги преземеме акциите што ни се на располагање. Ги замолуваме социјалните медиуми како компании да преземат акција во овие случаи“, стои во дел од соопштението на Јунајтед.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести