30.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Манчестер јунајтед подготвува рекордна понуда за Мегваер, Роџерс им испрати порака

Најчитани вести

Според „Скај Спортс“, Манчестер јунајтед е подготвен да плати 80 милиони фунти за Мегваер, но дали и тоа ќе биде доволно да се реализира големиот трансфер.

Манчестер јунајтед ја зголемува понудата за Мегваер, сега на Лестер му нуди 80 милиони фунти за дефанзивецот.

Лестер за англискиот репрезентативец бараше 90 милиони фунти. Брендан Роџерс му вели на Манчестер јунајтед дека клубот си стои на својот став.

„Релаксиран сум во поглед на тоа. Тоа е што е. Фудбалерот се однесува фантастично на тренинзите. Клубот го нема променето својот став во однос на вредноста на фудбалерот“, изјави Роџерс за „Би-Би-Си“.

Има уште една недела од преодниот рок во Англија, тоа го става под притисок Лестер бидејќи ако не го продаде сега за 80 милиони фунти, можеби никогаш нема да добие толку висока понуда.

Од друга страна и на Манчестер јунајтед очајно му треба дефанзивец од највисок калибар, па можеби оваа ќе биде вистинската понуда која ќе биде прифатена.

Со 80 милиони фунти Мегваер ќе стане најскапиот дефанзивец во светот. Рекордот го држи Ван Дајк за кого Ливерпул плати 75 милиони фунти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com