26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Манчестер јунајтед подготвува огромна понуда за фудбалер на Атлетико

Најчитани вести

Манчестер јунајтед покажува сериозен интерес да го купи фудбалерот на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте и наводно планира да плати дури 80 милиони евра обештетување.

Шпанецот игра одлично во тимот на Диего Симеоне, кој сезонава е на врвот на табелата во Ла Лига. Атлетико не планира да го продаде фудбалерот од средниот ред, но понуда од 80 милиони евра тешко се одбива.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солшер во Маркос Љоренте гледа идеална замена за Немања Матиќ, кој можеби ја игра и последната сезона на „Олд Трафорд“. Шпанецот игра во средниот ред и важи за исклучително борбен фудбалер, кој има и офанзивни карактеристики.

Тој е дете на Реал Мадрид за кој одигра само 22 натпревари за вкупно четири години како беше дел од првиот тим, а една сезона беше позајмен во Алавес. Во летото 2019 година се пресели на „Ванда Метрополитано“ за 40 милиони евра.

Со своите игри сезонава успеа двојно да ја зголеми својата цена на трансфер-пазарот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести