25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Манчестер јунајтед испушти нови бодови, одигра само 1-1 против Лестер

Најчитани вести

Манчестер јунајтед направи нов кикс во трката за место во Лигата на шампиони, попладнево „ѓаволите” одиграа само 1-1 против Лестер.

Избраниците на Ралф Рангник испуштија два нови бода во битката за топ четири пласман, попладнево на Олд Трафорд одиграа само 1-1 против Лестер.

Ихеначо со глава ги донесе гостите во водство од 0-1 во 63. минута, а Фред само три минути подоцна изедначи на 1-1.

Мадисон погоди за 1-2 во 80. минута, но ВАР спречи славје на „лисиците“ поради прекршок над Варан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com