21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Манчестер сити со првиот трофеј оваа сезона, Тотенхем пак со празни раце

Најчитани вести

Чекањето за трофеј на Тотенхем ќе продолжи, откако Манчестер сити со доцниот гол на Ајмерик Лапорт стигна до 1:0 победа во финалето на Карабао купот (англискиот лига куп) на „Вембли“, во меч со кој се одбележува враќањето на фановите на англиските стадиони (иако овојпат само 8.000).

Ова е прва од трите титули кои тимот на Пеп Гвардиола може да ги освои оваа сезона, откако трофејот од Премиер лигата им е практично обезбеден, а играат и во полуфиналето на Лигата на шампионите во „судирот на богаташите“ со Пари Сен-Жермен. Покрај тоа, „граѓаните“ како да се преплатија на Карабао купот, освојувајќи го четири пати едноподруго.

За Тотенхем, под водство на новиот привремен тренер, 29-годишниот Рајан Мејсон (најмлад тренер во финалето на ова натпреварување) по отказот кој го доби Жозе Мурињо, продолжува чекањето за било каква титула, откако последната ја освоија во 2008 година, кога во продолженијата го победија Челси (2:1) за трофеј од истото натпреварување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести